Неколку начини за лекување на синуси: Топла пареа, јаболков оцет, облози од рен...
Притисок во синусните празнини, главоболка и отежнатото дишење секогаш одат во пакет кај болните синуси. Иако не е секогаш возможно да се спречи, но тешкотиите можете да ги намалите доколку се придружувате до овие совети.
Олеснете си на неколку едноставни начини при проблеми со синусите:
1. Влажноста на воздухот во домот е важна при лекување на синусите, особено ако воздухот во собата е сув, што обично се случува во становите со централно греење. Најдобро е да поставите едно тенџерче со однапред сварен чај, на пример од камилица. Поставете го тенџерчето на едниот крај од собата и ќе почувствувате олеснување.
2. Инхалацијата секогаш ќе ви помогне при воспаление на синусите. Земете едно тенџерче со веќе зовриена вода и наведнете се над него со пешкир на главата. Додајте неколку капки етерично масло од еукалиптус или изрендајте рен и дишете од пареата колку што можете подолго.
3. Во текот на денот најдобро е да пиете јаболков оцет измешан во голема чаша вода. Овој вид на оцет ќе ви помогне при разредување на слузницата и дишењето ќе ви се одвива олеснително.
4. Плакнењето на синусите помага во одржување на здравјето на назалните канали и ги штити од загадувања, полен, прашина и други иритирачки супстанции кои ги има во воздухот. Сѐ што ви е потребно е да растворите морска сол со вода.
5. Облозите од рен ги олеснуваат тешкотиите: Во шише од 0.5 l додајте изрендан рен, па до врвот дополнете го со вински оцет. Затворете го шишето и држете го на топло 10 дена и редовно мешајте го. Пред спиење, ставете од течноста на чиста ткаенина и држете ја на челото во текот на ноќта. Терапијата трае 5 дена.
6. Вежбањето е одлично за лекување на воспаленија кај синусите. Во текот на вежбањето, се ослободува адреналин, кој ги притиска крвните садови, со што се намалуваат отоците во синусите.
За терапиите да бидат успешни, треба да ги избегнувате следниве работи:
- Избегнувајте дим од цигари и задимени простории.
- Избегнувајте консумирање алкохолни пијалаци.
- Хлорот во базените може да ја иритира слузницата на носот и синусите, па затоа капењето во базен не се препорачува на личности кои се склони кон заболувања и воспаленија на синуси.