За 5 минути: Домашен лек кој ќе ви ја намали болката во забот

Болката во забите има незгодна навика да се појавува во време кога најмалку треба, обично во сред ноќ или кога сме километри оддалечени од забарот.

za-5-minuti-domasen-lek-koj-ke-vi-ja-namali-bolkata-vo-zabot-01.jpg

Во тие моменти, брзо може да ве спаси каранфилчето, зачин со сладок вкус кој има бројни лековити својства.

Постојат најмалку 3 начини на кои можете да го искористите:

1. Прав од каранфилче

Прво измијте ја устата со топла, солена вода. Земете малку од зачинот и ставете на непцето кај забот кој ве боли, веднаш под образот. Причекајте малку и ќе забележите олеснување.

2. Цело каранфилче

Повторно измијте ја устата со солена вода. Земете 2 или 3 каранфилчиња и ставете ги во близина на забот кој ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат, внимателно изџвакајте ги за да ги пуштат лековитите масла кои ги содржат.

3. Масло од каранфилче

Ова е можеби најефикасниот начин за користење на каранфилчето против болка во забите. Потребно ви е масло, стапче за уши или парче памук и половина лажица маслиново масло. Устата измијте ја со солена вода. Помешајте неколку капки масло од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Памукот или стапчето натопете го и оставете го на болното место.

Сепак, имајте на ум дека овие методи имаат краткотрајно, моментално дејство кое не треба да ви ја одложи посетата на стоматолог.

za-5-minuti-domasen-lek-koj-ke-vi-ja-namali-bolkata-vo-zabot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg