Лек за менструални болки
Научниците направиле огромен чекор за да го олеснат животот на жените кога се во прашање “оние денови“. Лекот е наменет за спречување на...
...грчевите во стомакот кои можат да бидат толку силни што ги држат девојките во кревет и по неколку дена.
Пилулата моментално е во втората фаза на тестирање, а ќе ја испробаат 128 жени меѓу 18 и 35 години од Велика Британија и САД.
Лекот се вика VA111913 и докажано е сигурен, со неколку можни нус-појави.
Доколку се покаже дека помага при третирањето на болните менструации лекот ќе се појави на пазарот за 4 години.
Др. Џим Филипс, еден од учесниците во истражувањето смета дека овој лек ќе биде мошне успешен и ќе го реши проблемот на многу девојки и жени.
Болките предизвикани од грчеви во матката кои доведуваат до застој на протокот на крв - резултираат со намалено количество на кислород во ткивата.
Порано се мислело дека со вежби и ставање топла вода на стомакот овие болки се намалуваат.
Но, експертите сметаат дека потребно е навистина да се направи универзален лек кој ќе ги спречи менструалните болки.