3 начини да го одморите мозокот кој претерано размислува

Понекогаш колку и да се трудите да размислувате позитивно или да ги оттргнете мислите од нешто што ве мачи, не можете.

3-nacini-da-go-zaprete-mozokot-koj-preterano-razmisluva-01

Секому е потребно во некој момент да се одмори од премногу размислување, да ги ослободи мислите и да го одмори мозокот.

Вообичаено за тоа се препорачува медитација, но постојат и други 3 начини на кои може истото да го постигнете.

1. Помалку зборувајте

Кога имате проблем често се смета дека најлесно ќе го решите ако со некого разговарате или ако постојано зборувате за тоа додека најдете решение. Но, колку повеќе го зборувате може само дополнително да го преживувате стресот одново и одново. Поради тоа се препорачува помалку да зборувате, а она што ве мачи да го запишете.


2. Потрудете се да бидете зафатени

Доколку постојано размислувате за нешто што ве мачи, потребно е да најдете нешто друго кое ќе ве окупира и ќе ве натера да размислувате во друг правец. Најмногу се препорачува да се занимавате со некаква активност, физичка или психичка. Ако сте понервозни и потемпераментни се препорачува јога, трчање или пливање, а доколку сте поинтровертни, тогаш  добро е негативната енергија да ја претворите во позитивна преку изразување на некои таленти како цртање, боење, изработка на накит, декорации.


3. Оставете ги работите да течат

Без разлика колку многу размислувате, понекогаш во паника или нервоза не можете ништо да решите, ниту да одлучите. Затоа потребно е да ги оставите работите какви што се и да почекате да видите како се одвиваат или како сами си доаѓаат на свое место. Колку и да ви се чини невозможно, ако се обидете да ја прифатите ситуацијата и се помирите со тоа што е, решението само ќе дојде.

Би можело да ве интересира:

„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“ „Мигрените не се главоболки! Пропуштив многу работи поради нив. Нормалните звуци...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg