10 правила од древната индиска медицина за зајакнување на имунитетот
Древната индиска медицина има алтернативна метода ayurveda која се занимава со превенција од болести и подмладување на организмот, а посебно внимание и посветува на прехраната и рамнотежата во животот.
Токму затоа, ако сакате да ја избегнете сезоната на настинки и грип, размислете за следните 10 правила кои се основа на индиската медицина.
1. Јадете лесни и топли јадења.
2. Избегнувајте студени оброци затоа што студената храна негативно влијае на варењето и здравјето.
3. Слатката и пржена храна заменете ја со коренести плодови и супи.
4. Дозволете си утринска самомасажа со топло масло од сончоглед или сусам кое ја храни кожата и ја зајакнува.
5. Навечер подгответе си топла купка со етерични масла од ментол, ѓумбир, рузмарин, цимет, бор, смрека или босилек.
6. Во прехраната вклучете повеќе зачини. Ѓумбирот, куркумата и циметот нека се најдат во барем 1 оброк во денот.
7. Внимавајте да не спиете премалку, ниту премногу. Обично 6 до 7 часа се доволни за одмор на телото и умот.
8. Практикувајте вежби кои ви даваат енергија, а не ви ја трошат. Испробајте ја јогата, одете брзо или планинарете. Пробајте рекреации кои ви ја забрзуваат циркулацијата.
9. Не заборавајте да дишете длабоко.
10. Веднаш по станувањето од кревет испијте чаша вода на собна температура во која сте промешале од лимон. Ова делува антисептички и антибактериски врз целиот организам, односно го зајакнува имунитетот 2 пати повеќе од било кој лек.