Непријатни навики кои можат да ви го зачуваат здравјето
Иако уживаме кога ќе си легнеме во топлиот кревет или си пиеме чај на каучот, додека е надвор ладно, понекогаш е подобро да го направиме токму спротивното.
Време е да прифатите некои нови навики, кои можеби и не се најпријатни, но се добри за здравјето на вашиот организам.
Малку стрес не штети
Иако на големо се зборува за тоа колку стресот му штети на телото, што е и точно, но доколку сте долго под стрес. Меѓутоа, малите стресни ситуации како доцнење на состанок, се позитивни за нашето тело.
Без трчање за во тоалет
Ако веднаш одите во тоалет да уринирате или пак одите за „секој случај”, тогаш вашата бешика може да стане премногу чувствителна. Кога таа е полна, ни праќа сигнал да ја испразниме, но ако уринирате и кога не е полна, тогаш таа ќе почне да ви праќа сигнали и порано.
Туширање со студена вода
За да ги опуштите напнатите мускули, најдобро е да се туширате со малку студена вода. Тоа е најефективниот начин да ја намалите болката во мускулите.
Потпетиците се супер
Но, не оние од 15 сантиметри. Високите потпетици во висина до 4 или 5 сантиметри ги зајакнуваат карличните мускули. На тој начин се спречува слабеење на бешиката, која за последица може да доведе до мокрење против вашата волја.
Тврд душек
Мекиот душек, колку и да ви изгледа удобен, сепак не ја следи природната искривеност на грбот. Во текот на спиењето на мек душек, положбата во која се наоѓа грбот може да доведе до оштетување на мускулите и нервите.