Што може да ви се случи кога го одложувате одењето во тоалет?

Колку пати досега сте го одложувале одењето во тоалет иако мочниот меур ви е полн? Без разлика дали сте на интервју, работа, состанок или дома и ве мрзи да станете, треба да обрнете поголемо внимание на тоа, бидејќи може да ви предизвика некои опасности.

sto-moze-da-vi-se-sluci-koga-go-odlozuvate-odenjeto-vo-toalet-01

Доктор Бенџамин Бракер за списанието „Woman’s Health“ открива што може да ви се случи кога ја задржувате урината премногу долго, колку е опасно и дали може да го навикнете телото поретко да мокри.

1. Колку долго смее урината да се задржува?

Капацитетот на телото за да ја задржува урината кај секого е различна, а се базира на количината урина која некој може да ја произведе, што е предизвикано од статусот на хидратација и внесувањето течност, како и на работата и чувствителноста на бешиката. Повеќето жени може да ја задржат урината 3 до 6 часа.

sto-moze-da-vi-se-sluci-koga-go-odlozuvate-odenjeto-vo-toalet2.jpg

2. Што е најлошото нешто кое може да ви се случи?

Не постојат никакви специфични компликации кои се резултат на задржување на урината, но постои поголем ризик за воспаление на мочните канали, кое се лечи со антибиотици. Ако ви се воспалат мочните канали, имате потреба почесто да одите во тоалет. Исто така, воспалението може да настане и ако патите од нарушување на премногу активна бешика и интерстицијални цистиси. Ако наеднаш почнете многу често да мокрите, посетете доктор.


3. Може ли да го навикнете телото помалку да мокри?

Свесни сте дека е важно да бидете хидрирани, но пиењето многу вода има иритантна страна, а тоа е што вашето тело е постојано принудено на мокрење секој половина час. Некои луѓе имаат чувствителна бешика, па мора да одат во тоалет дури и тогаш кога имаат минимално количество урина. Во ред е да се обидете да ги одвратите мислите од потребата и да не се препуштате на секоја потреба на телото. Тоа би можело да ја прошири бешиката на здрав начин, но не би требало да очекувате големи промени.

Затоа, ако почувствувате потреба за мокрење, не е страшно да се обидете да ја задржите. Но, сепак, поради сопственото пријатно чувство кога можете испразнете ја бешиката, бидејќи ретко што дава така добро чувство на ослободување.

sto-moze-da-vi-se-sluci-koga-go-odlozuvate-odenjeto-vo-toalet-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg