Видови мед: Кој за што е најдобар?
Не постои најдобар мед, бидејќи секој природен мед е добар и поседува посебни карактеристики кои се потребни за лекување на одредени тешкотии. Препознајте го вистинскиот природен мед и одберете го видот кој најмногу ќе ви помогне...
Доказ дека консумирате вистински, природен мед е чувството на нежно „штипање”, додека лесно го голтате медот. Тоа чувство се создава заради отровот кој пчелите заради заштита го вбризгуваат во медот.
Багремов мед
Добар е за оние кои имаат проблеми со варењето на храната, делува смирувачки, а без проблем можат да го консумираат и дијабетичари.
Ливадски мед
Содржи повеќе етерични масла и затоа децата многу го сакаат. Посебно се препорачува на луѓе со кардиоваскуларни болести.
Липов мед
Се употребува при појава на настинка, грип, бронхитис и респираторни заболувања. Овој мед ќе направи добро да се испотите и да ја исфрлите од себе температурата, но се препорачува одредено време да мирувате во кревет.
Шумски мед
Се препорачува на луѓето кои патат од анемија, но и е одличен за женското здравје. Исто така, шумскиот мед игра важна улога во зајакнување на крвта и се препорачува за децата.
При изборот на тоа кој мед најдобро би ви одговарал, добро е да се консултирате со лекар или со добар познавач на производите од медоносните пчели.