За 60 секунди опуштете го вкочанетиот врат
Секому барем еднаш му се случило да се разбуди со вкочанет врат и болки. Ваквата појава знае да биде многу болна, но нема потреба веднаш да одите на лекар, туку истото може да го решите и дома.
Ова е трик во 3 чекори кој за 60 секунди ќе ви го опушти вратот.
1. Со прстите напипајте го болното место на вратот, така што ќе ја користите десната рака, ако болката е на десна страна, односно левата, ако болката е на левата страна.
2. Со прстите притиснете на болното место. Притоа болката мора да биде интензивна, но издржлива. Ако местото не може добро да го допрете, наместо прстите употребете некој предмет.
3. Главата полека свртете ја спротивно од вкочанетата страна, наведнете ја и истегнете ја дијагонално, како со брадата да сакате да ги допрете пазувите. Задржете ја положбата 10 секунди, па опуштете се.
На овој начин го напнувате вкочанетиот мускул, а со притисокот постепено го отпуштате. Постапката повторете ја 10 пати по ред.
Со тоа ќе ја намалите непријатната болка, но доколку повторно ви се јави во текот на следните денови, посетете доктор.