5 симптоми кои откриваат што му недостасува на вашето тело

Човечкото тело е најдобар механизам кој на разни начини може да сигнализира кога нешто не му одговара и кога му недостасуваат некои витамини. Човекот во денешно време живее брзо и во согласност со тоа се храни со многу вештачки додатоци во храната, конзерванси и малку витамини.

proverete-dali-gi-imate-ovie-5-simptomi-na-problemi-vo-teloto-01

Токму ваквиот начин на исхрана може да доведе до одредени појави во вашиот организам.

Сепак, постојат некои симптоми кои може да ги воочиме навреме за да се спречи понатамошното развивање на болеста.


1. Испукана уста, херпес на рабовите од усните

Најчеста причина за појавата на херпеси е недостаток на витаминот Б, железо или цинк, некои болести на желудникот со појава на зголемено лачење желудочна киселина, низок гриз, анемија, лоши хигиенски услови и слично.

Решение во вакви случаи е консумирање тофу, квиноа, посно сирење, зелје, кикирикки, суви кајсии и сите врсти на семки.

proverete-dali-gi-imate-ovie-5-simptomi-na-problemi-vo-teloto-1.jpg



2. Црвен осип на лицето, првут и обилно паѓање на косата

Ако имате вакви симптоми на лицето сигурно ви недостига биотин.

Решението за овој проблем се кикириките , бадемите, козјо млеко, јогурт, домат, лук, ореви, млеко, банани, авокадо и печурки.

proverete-dali-gi-imate-ovie-5-simptomi-na-problemi-vo-teloto-2.jpg



3. Црвени или бели израстоци на лицето во вид на акни

Црвените и болни воспаленија на кожата можат да бидат знак за нерамнотежа на хормоните или недостаток на есенцијални масни киселини, односно витамините А и Д.

Решението за овој проблем е внесување на здрави масти, повеќе костенливи плодови и семки како што е лененото семе. Важно е внесувањето на зелен зеленчук, но и моркови и пиперки.

proverete-dali-gi-imate-ovie-5-simptomi-na-problemi-vo-teloto-3.jpg



4. Пецкање  во рацете, стапалата и другите делови на телото

Чувството на вкочанетост, привременото губење чувство на рацете и нозете е најчест знак за недостаток на фолна киселина, односно витамин Б9, како и витамините Б6 и Б12.

Се препорачува повеќе јадење спанаќ, млечни производи и цвекло.

proverete-dali-gi-imate-ovie-5-simptomi-na-problemi-vo-teloto-4.jpg



5. Грчеви во мускулите, болка како убод во стапалата и листовите

Во прашање е сигурно недостаток на магнезиум, калциум и калиум. Симптомите како што се треперење на капаците и грчеви во мускулите се решаваат со земање повеќе минерали кои ви недостигаат. Доколку тренирате може да дојде до зголемено губење на овие минерали, бидејќи премногу се потите.

Решението на овој проблем е користење намирници како коприва, алги, банани, зелен зеленчук, бадеми, лешници, семки, ореви, цреши, јаболка и грејпфрут.

proverete-dali-gi-imate-ovie-5-simptomi-na-problemi-vo-teloto-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg