Дали сте хронично уморни?
Ако соберете 100 личности кои ги познавате и ги прашате кој се чувствува навистина свежо и добро, колку од нив би кренале рака?! Веројатно само...
...неколку. Во известувањето од една објавена студија наведено е дека голем број луѓе денес патат од хроничен замор, исцрпеност и ненаспаност.
Пореметувањето е наречено семи - сомниа. Таквите личности немаат симптоми на вистинска несоница, па никогаш не бараат стручна помош.
Проблемот е резултат на недостаток на сон и сон со лош квалитет, а го предизвикуваат модерната култура и начин на живот во кој постојано се тркаме со времето и обврските.
Колку се разликува семи-сомниа од вистинската несоница?
Во известувањето се наведува дека луѓето имаат заборавено дека сонот е потребен за емотивно, психичко и физичко здравје, и дека е еднакво важен како и здравата исхрана и вежбањето.
Кога заспиваме, проаѓаме низ циклусот на длабок сон каде нашиот имунолошки состав се регенерира, а REM (rapid eye movement) фазата во која сонуваме, потребна е за понатамошно справување со стресот и емоциите.
Ако не спиете доволно, доаѓа до пореметување во циклусите, т.е. се смалуваат шансите за REM фазата, а понекогаш воопшто не влегуваме во неа.
Краткорочно заради недостаток на сон може да станете нервозни, напнати, деконцентрирани, а долгорочно може да доведе до депресија, појава дијабетес, болести на срцето и срцев удар.
Недостатокот на сон може да биде поврзан со брачни проблеми, развод, невработеност или незадоволство од работата, но може и да ги предизвика сите овие проблеми.
Семи-сомниа не се смета по тоа колку часа спиете, туку колку сте се одмориле додека сте спиеле за наредниот ден.
Сакате да знаете дали патите од ова пореметување?
Запрашајте се: На скалата од 1 до 10 колку добро се чувствувате од 11 до 14 часот? Ако го оценивте до 5, тогаш тоа е половина од онолку колку треба навистина да се чувствувате во овој период од денот. Дури и да дадете 7 не е доволно.
Живееме во околина која го прифаќа уморот како нешто најнормално, денови кога се чувствуваме полетно се навистина ретки.
Мислиме дека живееме со полн здив доколку стигнеме на сите страни и секогаш чекориме напред, но овој начин на живот всушност треба да претпоставува секогаш да имате доволно енергија за она што го сакате и да уживате додека го правите тоа - а не да ви претставува измачување.