7 промени во урината кои не смеете да ги игнорирате

Ако досега не сте обрнувале внимание на урината која ја оставате во ВЦ шолјата, време е да ја промените таа навика и да водите поголема грижа.

7-promeni-vo-urinata-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-01

Промените кои може да ги забележите во неа укажуваат на сериозни проблеми, инфекции и болести.

Важно е навремено да реагирате и да посетите доктор кој ќе знае точно да ги протолкува симптомите.

Овие 7 промени во урината не смеете да ги игнорирате:


1. Ако има сладок мирис

Тоа нема никаква врска со јадењето чоколади, туку може да биде сериозен знак за дијабетес. Оние пак, кои се свесни дека имаат дијабетес, ваквиот сладок мирис треба да им укаже дека нивото на шеќерот не им е во границите на нормалата.


2. Забележувате дека е заматена

Тоа би можело да биде знак  дека во уринарниот тракт постојат некои непожелни бактерии. Заматеноста настанува поради излачувањето бактерии и леукоцити – клетки кои се борат против инфекцијата. Дури и ако се чувствувате сосема добро и немате други симптоми, обрнете внимание на ова бидејќи тоа би можело да биде знак дека инфекцијата се активирала.


3. Ако имате црвена, или розева боја во урината

Иако на ваквата појава може да влијаат црвените овошја и зеленчуци, сепак може да претставува и присуство на крв, што воопшто не е добар знак. Тоа може да биде симптом за уринарна инфекција, камен во бубрегот, а во ретки случаи дури и карцином на бешиката или бубрегот.

7-promeni-vo-urinata-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-1.jpg

4. Ако мириса особено лошо

Урината секако не мириса пријатно, но доколку има силен лош мирис како некое расипано овошје, тоа е знак дека вашата бешика ве предупредува на некоја инфекција. Како и кај заматената урина тоа би можело да биде навремен знак кој не треба да го игнорирате.


5. Забележувате печење додека мокрите

Печењето, па дури и болката додека мокрите би можело да биде предизвикано од инфекции, или полово преносливи болести како што се кламидијата или гонорејата.


6. Кога постојано имате чувство на притисок

Ова е класичен симптом за уринарна инфекција, поради која вашата бешика и мочниот канал може да бидат воспалени, па постојано имате чувство дека ви се оди во тоалет.  Тоа може да биде и симптом на некоја циста, која тешко може да се дијагностицира, а резултира со хронична болка или притисок на бешиката.


7. Мокрите многу повеќе од обично

Ако сте жена, можно е да сте бремена, но ако сте уверени дека не сте, тогаш можно е за тоа да е виновна преголемата консумација на алкохол или кофеински пијалаци. Исто така, ова би можело да биде знак за дијабетес, или тумор, ако исклучите сè друго претходно.

7-promeni-vo-urinata-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg