Многу слатки = многу агресија
Родителите кои на децата не им даваат да јадат премногу благо, го решиле својот проблем, бидејќи на нивната страна се и психолозите. Тие тврдат...
... дека секојдневното конзумирање на благи работи може да влијата на децата така што ги прават агресивни кога ќе пораснат.
Тоа е заклучокот од истражувањето спроведено врз 17.500 учесници, кое започна во 1970 година. Податоците со време покажувале дека децата кои тогаш имале 10 години а секојдневно јаделе многу слатки работи, биле повеќе склони на насилство во своите 30 години.
Дури 69% од учесниците кои покасно биле осудени на злодела, јаделе многу благо и чоколади секој ден во своето детство, додека на 42% благото немало такво дејство.
Симон Мур, кој го предводел истражувањето, изјавил:
"Најлогично за нас е објаснувањето дека децата кои секогаш јаделе благо, се навикнале да добиваат се' што ќе посакаат. Кога ќе се најдат воситуација нешто да не можат да добијат, тоа може да го потикнува нивното импулсивно однесување, кое подоцна се врзува со деликвенција.
Освем тоа, децата навикнуваат на благо толку многу што подоцна може да бидат зависни од слатка храна, поради што кога ќе пораснат често конзумираат адитиви, што исто така некогаш може да доведат до агресивно однесување"