Јадете портокали и ослободете се од стресот
Кога сме под стрес, штетните слободни радикали буквално дивеат низ нашето тело. Тие ги напаѓаат сите системи во организмот, а прилично се штетни и за изгледот на кожата.
Но, за среќа, сето тоа може да се среди со еден портокал.
Всушност, кој било облик на витамин Ц во цитрусно овошје може да биде добро за вас. Освен портокалите, може да јадете и грејпфрут и лимон кога сте под притисок.
Доколку не го сакате портокалот, пробајте боровница, која има прекрасен вкус и е богата со витамини.
Причината поради која портокалите се идеален избор е тоа што се полни со антиоксиданси кои помагаат во борбата против кортизолот, хормон кој гопроизведува нашето тело кога сме анксиозни и нервозни.