Проверете дали правилно го користите сапунот
Сапунот е дел од приборот во секоја бања и служи за чистење на валканите раце, но се чини дека и самиот тој не е толку чист.
Според едно истражување на епидемиологот Елен Ларсон од Универзитетот во Колумбија, се смета дека и сапунот треба да се измие пред да ги измиете рацете со него.
Бактериите кои живеат на сапунот и кои инаку се собираат во пената на површината, не се опасни, но за луѓето кои имаат проблем со имунолошкиот систем може да претставуваат проблем.
Според неа, дополнителна хигиена треба да се води за самиот сапун со тоа што, по секое миење раце, треба да му се пушти млаз вода и да се стави во кутија на чисто и суво место до следната употреба.