5 начини за секој ден да слабеете

Не се потребни исцрпувачки диети и напорни тренинзи, ако сакате постепено, нормално и здраво да слабеете секој ден.

5-nacini-za-sekoj-den-da-slabeete-01

Доволно е само да се придржувате до пет правила и секојдневно по малку ќе слабеете:

1.Тренерките чувајте ги во близина на креветот

Ако планирате секое утро да вежбате, тренерките е потребно да ви бидат во близина на креветот за да не си давате изговори дека не можете да ги најдете или дека не ви се чисти. Штом ги видите ќе знаете дека треба да си ја завршите утринската обврска.

2. Ужинка

Навикнете се секогаш да носите со себе нешто здраво за грицање за во случај да ве фати глад, да не изедете набрзина цел сендвич. Носете овошје или некоја салата.

5-nacini-za-sekoj-den-da-slabeete-1.jpg

3. Ресторани за здрава храна

Наместо да седнувате во првата сендвичара или пицерија, создадете си навика да одите во ресторани каде може да нарачате и здрава храна. На почетокот може да ви се чини тешко нарачувањето, гледајќи ги сите калорични оброци во менито, но постепено ќе се навикнете.

4. Бидете свесни за своите цели

Бидете свесни за вашите повисоки цели. Не е важно само набрзина да ослабете, туку да го одржувате здравиот начин на живот. Не мислете само на калориите и килограмите, туку и на здравјето и убавината со промените кои ги внесувате.

5-nacini-za-sekoj-den-da-slabeete-3.jpg

5. Подготовка на оброци

Одвојте време за сами да си ја подготвите храната, барем делумно. Исечкајте го овошјето и зеленчукот, сварете го пилешкото или подгответе здрави сосови. Во текот на неделата ќе заштедите многу време, а и ќе бидете сигурни дека нема да ставите мајонез намест некој поздрав сос, само затоа што го немате при рака.

5-nacini-za-sekoj-den-da-slabeete-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg