Верувале или не, оваа храна ги брише брчките
Покрај тоа што сите намирници на оваа листа се здрави и го зајакнуваат имунитетот, успешно ќе се изборат и со брчките кои се појавуваат.
Лосос
Најдобар избор кога се работи за риба. Богат е со Омега-3 масти кои го одржуваат целото тело здраво, а ако вкусот не ви се допаѓа, заменете го лососот со сардина или скуша.
Бадеми
Кога се работи за јаткасто овошје, најдобро е да одберете бадеми. Повторно благодарение на Омега-3 масните киселини тие имаат способност да ги испеглаат брчките.
Јогурт
Оваа млечна преработка посебно го забрзува метаболизмот кој како што сите знаеме е тесно поврзан со стареењето. Покрај јогуртот, во секојдневната исхрана вметнете го и кефирот.
Киноа
Оваа древна житарка е богата со влакна, манган, железо, селен и комплекс од витамин Б. Консумирајте само ½ шолја од чудесната киноа и ќе се зачудите од резултатите.
Зелен чај
Иако е пијалак, а не храна, зелениот чај и тоа како треба да се најде на оваа листа. Благодарение на антиоксидансите тој ги прави брчките помалку видливи.
Прокељ
Иако заради својот неодреден вкус не е претерано популарен, прокељот е неверојатно богат со витамини и минерали кои треба да ги внесувате барем еднаш во неделата ако сакате помлад изглед.