Домашен лек против досадната бактерија Ешерихија коли
Голем број на луѓе секојдневно се борат со мачнините кои го предизвикува оваа бактерија, без да се обидат да пронајдат алтернативно решение.
Ешерихијата е непријатна бактерија која најчесто се јавува кај жените и предизвикува огромен број на уринарни инфекции со незгодни симптоми.
Ако моментално се борите со нејзино лечење, ова е рецептот кој вреди да го испробате.
Состојки:
- 250g корен од магдонос
- 250g лимон со кора
- 200g мед
- 200ml маслиново масло
Подготовка:
Коренот од магдонос убаво измијте го, па измелете го во машина, исто како и лимонот. Додадете ги останатите состојки и добро промешајте. Смесата ставете ја во чиста тегла.
Консумирање:
Земајте по 1 голема лажица пред појадокот и една пред вечерата додека не ја потрошите дозата.
По земањето на лекот направете испитувања. Ако бактеријата сè уште е присутна, повторете го лекувањето со уште една доза.
Имате некакво искуство со овој домашен лек? Или можеби имате друг рецепт? Споделете!