Сè што треба да знаете за бактеријата ешерихија коли: Како да се заштитите и лекувате?
Бактериите многу лесно го пронаоѓаат патот до човечкото тело, така што пациентот на почеток не е ни свесен дека има некаква инфекција.
Токму таква е и опасната ешерихија коли, која е најчест причинител за уринарни инфекции кај мажите и жените.
Многу честа е кај трудниците заради опуштеноста на уринарниот тракт.
Како се пренесува оваа инфекција?
Најчестиот причинител за пренесување на оваа бактерија е близината на анусот и вагината кај жените, па многу лесно го пронаоѓа патот до бешиката. Сексуалните односи исто така се честа причина за појавата на оваа инфекција, па за да ги намалите шансите се препорачува по секој однос и жената и мажот задолжително да мократ.
Причинители за оваа инфекција може да биде и настинката која го намалува имунитетот. Често пати, се јавува и заради нередовно менување на мокрите костими за капење, односно подолгото седење во мокар костим.
Неправилната и нередовна исхрана, физичката неактивност, дијабетесот, некои контрацептивни средства или недоволното внесување на течности исто така можат да ја поттикнат појавата на ешерихија коли.
Дневно би требало да внесувате околу 2 литри чај или вода, заради плакнење на бешиката и превентива од сите инфекции.
Како се појавува кај мали дечиња?
Инфекцијата ешерихија коли се појавува и кај најмладите заради лошата хигиена.
Како превенција, треба редовно да се менуваат пелените и интимните делови да се бришат од напред кон позади.
Како се појавува кај мажите?
Главно, оваа инфекција е поретка кај мажите. Често пати е изразена кај повозрасни пациенти заради зголемената простата или потешкото празнење на бешиката.
Кои се симптомите на инфекцијата?
При мокрењето се јавува изразена болка проследена со пецкање. Нагонот за мокрење е чест, така што личноста не може да почека ни момент.
Во мокрачата може да се јави и крв, а ако инфекцијата се прошири на бубрезите, тогаш се јавува болка во делот кај слабината, зголемена температура, малаксаност, понекогаш дури и повраќање.
Како се дијагностицира?
Преку анализа на урината најлесно ќе ја дијагностицирате оваа инфекција. Најважно е да направите уринокултура. Таа е клучна во одредувањето на понатамошното лекување.
Како се лечи ешерихијата?
Најчесто со еднократни или тридневни дози на антибиотици, зависно од процената на лекарот.
Во последно време се практикува и таблетата на основа на брусница, во комбинација со чај од брусница. Делотворен е и увиниот чај, чајот од пченкарна свила, магдонос и копар.
Превентива
Добрата хигиена и миењето на рацете се од клучно значење. Исхраната исто така важна, односно внесувањето на слатки треба да се избегнува, млекото и млечните производи да се намалат, исто како и месото.
Почестото консумирање на зеленчук е препорачливо, затоа што во кисела средина бактеријата многу потешко се развива.