Кога треба да пиете топла, а кога ладна вода?
Водата навистина е извор на живот и важно е да ја внесуваме во препорачаните количини за да бидеме здрави, но дали е важна температурата? Дали е важно ако е топла, млака или ладна?
Кога се зборува за ладна вода се мисли неколку степени помалку од собната температура, а за топла вода се смета онаа која е 4-5 степени потопла од собната температура.
Не се препорачуваат никакви екстреми кога се работи за температурата - ниту ледена, ниту врела.
Кога треба да пиете ладна вода?
Кога вежбате
За време на физичките активности телесната температура расте, а потењето е механизам преку кој телото пробува да се олади. Во овој случај се губат доста течности и важно е да ги вратиме истите. Кога за време на вежбањето пиеме ладна вода, го ладиме и хидрираме телото истовремето. Секако, никогаш не е добро да претерате и да пиете ледена вода.
Кога ве тресе грозница
Пиењето на ладна вода кога имате температура е еден од најдобрите методи за ладење и лечење. Важно е да внесувате доволно течности за да му помогнете на телото да се избори со инфекциите и бактериите. Во водата додајте малку лимон и морска сол, за да ги вратите изгубените електролити.
Кога се обидувате да ослабете
Ладната вода го забрзува метаболизмот и ќе ви помогне да изгубите дополнителни 70 калории дневно. Иако не е доволно само да пиете вода, добро е да знаете дека 8 чаши вода во денот се еднакви како и шетање околу 15 минути.
Кога треба да пиете топла вода?
Кога имате проблеми со варењето
Топлата вода во утринските часови може да го подобри варењето во текот на целиот ден. Ако по оброкот се напиете ладна вода, организмот потешко ќе ја вари храната, па затоа практикувајте млака до топла вода.
За време на детоксикација
Кога сакате да го исчистите организмот од токсини, се препорачува да го започнете денот со млака вода и неколку капки лимон. Покрај лимонот, може да додадете краставица, нане, јаболка или цимет, кои исто така помагаат во детоксикацијата.
Кога имате болки
Ако ве мачи главоболка или некое полесно воспаление, подобро е да испиете топла вода која ја стимулира циркулацијата на крвта. Исто така топлата вода може да им помогне на жените кои се борат со силни менструални грчеви.