5 промени во менструацијата заради кои треба да посетите гинеколог

Менструалниот циклус е месечен потсетник дека сè функционира како што треба кај жените. Но, женскиот циклус на крварење може да открие и кога нешто не е во ред.

5-promeni-vo-menstruacijata-zaradi-koi-treba-da-posetite-ginekolog-01

Овие 5 промени во менструацијата можат да ја откријат вашата здравствена состојба.

1. Изостанување на менструација

Вашиот мозок ја одложува менструацијата додека вашето здравје не се врати во нормала. Доколку имате недостаток на сон, ако сте под стрес или болни, пореметувањето на хормоните, екстремното вежбање, високата или ниска температура, може да доведе до одложување на месечниот циклус.

Што да направите: Ако ви изостане менструацијата 2 месеца, а не сте бремени, посетете гинеколог за да ја дознаете вистинската причина.


2. Дамки крв

Необичното крварење кое се јавува за време на циклусот без ПМС, често не е поврзано со менструацијата.

Што да направите: Посетете гинеколог. Причината може да биде неважна, но ослободете се од грижата за некои инфекции или полипи.

5-promeni-vo-menstruacijata-zaradi-koi-treba-da-posetite-ginekolog-1

3. Силни грчеви

Силните грчеви кои не поминуваат ниту со аналгетици, може да бидат знак на ендометриоза, која ако не се лечи, може негативно да влијае на вашата плодност. Ендометриозата може да  се лечи ако се открие рано, затоа немојте да ја одложувате посетата на гинеколог.

Што да правите: Нагласете му на гинекологот дека менструацијата ви е поболна од претходно, за да може да се утврдат причините.


4. Изненадна менструација

Ако сте добиле менструација кога не треба  и без вообичаените симптоми? Ова е најчест знак за изостанување на овулација. Ако имате нередовни циклуси и проблем со вишокот килограми, постои шанса да сте во состојба пред дијабетис.

Што да направите: Клучно е да ја одржувате телесната тежина под контрола, особено ако сакате да останете бремени.


5. Ви подранила менструацијата 2 дена

Ова не значи апсолутно ништо. Некои жени, особено оние кои се обидуваат да останат бремени, многу се чувствителни и на најмалите промени во циклусот. Многу малку жени имаат овулација секој месец во исто време, нема потреба за грижа.

Би можело да ве интересира:

Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg