Причини поради кои немате доволно енергија

Ако сте уморни од тоа што премногу работите, не е ништо чудно. Но, тоа не е единствена причина поради која се чувствувате заморно.

pricini-poradi-koi-nemate-dovolno-energija-01

Постојат некои причини, на кои можеби и не помислувате, но ви ја одземаат енергијата и прават да се чувствувате уморно.

1. Не спиете доволно

Сонот не е важен само за да се одмориме, туку е важен и за многу други процеси кои се случуваат во телото. Хормонот на раст, протеинот кој го произведува хипофизата игра важна улога во одржувањето на силата на коските и мускулите. Тоа влијае и на начинот на кој нашето тело ги собира мастите.

Покрај тоа, сонот е важен и за нормалното функционирање на мозокот. Ако не спиете доволно, изморени сте и немате доволно сила се јавуваат и симптоми на депресија.

Потребни ви се 7 до 8 часа секоја вечер за спиење за да може да ја одржите нормалната тежина и да имате доволно енергија.

2. Јадете премногу брза храна

Кога јадете брза храна внесувате доста шеќер кој на кратко ви дава енергија, но всушност со тоа повеќе ве заморува. Истражувањата покажале дека брзата храна ги забавува внатрешните процеси во организмот.

3. Не пиете доволно вода

Многу луѓе не знаат дека може да се чувствувате уморно ако се дехидрирани. Пијте толку вода за устата да ви биде влажна во текот на целиот денот. Урината треба да ви биде светложолта боја или проѕирна. Ако е темножолта, тогаш треба да пиете повеќе вода.

pricini-poradi-koi-nemate-dovolno-energija1.jpg

4. Имате недостаток на витамин Б

Витаминот Б е потребен за да може глукозата да се претвори во енергија. Дури 99 отсто од луѓето не внесуваат доволно витамин Б. Внесувајте го навечер и во текот на целиот ден за да имате доволно енергија. Ако постојано се чувствувате уморно, проверете го нивото на витамин Б12 и витаминот Д.

5. Имате инфекција

Инфекциите и воспаленијата може да бидат причини за заморот. Редовно плакнете ја устата со хигиенска течност, за да не дојде до инфекција на вилицата. Користете пробиотици за да ги излечите инфекциите на цревата, во случај да ги имате. Кога се работи за вирусна инфекција, мијте ги почесто рацете, спијте доволно и избегнувајте храна со заситени масти и шеќери.

6. Мора повеќе да се движите

Само по една краткотрајна прошетка може да се чувствувате поенергично. Додека се движите се ослободува азот моноксид од артериите и се дозволува крвта да тече слободно низ вените. Така клетките добиваат повеќе хранливи материи. Вашето тело реагира на вашите акции. Ако цела ноќ лежите гледајќи филмови, вашето тело ќе се забави. Ако одите на прошетка, макар и кратка, тоа ќе ви ја забрза циркулацијата и ќе ви даде повеќе енергија.

pricini-poradi-koi-nemate-dovolno-energija-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg