Намирници кои можат да ви го спасат животот
Кога во прашање е вашето здравје тогаш вреди да се препуштите на зелениот зеленчук кој одлично ќе се погрижи за вас и ќе ве заштити од сезонските настинки и разните болести кои секојдневно не демнат.
Бројните истражувања покажале дека токму овие намирници го зајакнуваат организмот и ја спречуваат појавата на разни болести, а некои од нив може и да ве излекуваат од веќе настаната болест.
Погрижете се да ги имате овие намирници во вашето неделно мени:
1. Блитва
Содржи две важни, но помалку познати антиоксиданси како сирингијската киселина и каемпферол. Сирингијската киселина помага во стабилизирање на шеќерите во крвта со тоа што ги претвора во едноставни шеќери, а каемпферолот го штити организмот од канцерогените токсини. Со редовното консумирање на блитва во вашиот организам се смалува ризикот од настанување на срцеви заболувања, дијабетис и други хронични болести.
2. Рукола
Помага да се зголеми протокот на крвта и изобилува со разни антиоксиданси кои се борат против срцеви болести и некои врсти на рак. Истражувањата покажале дека овој вид зеленчук е одличен за спречување на појава на чир на желудник.
3. Кинеска зелка
Еден од подобрите извори на калиум кој помага во изградбата на мускули и намалување на крвниот притисок. Освен тоа, оваа зелка е преполна со витаминот А кој го зајакнува имунитетот.
4. Кељ
Содржи каемпферол кој е одличен во борбата против ракот, но освен тоа тој го штити вашето срце, го симнува нивото на шеќер во крвта, ги зајакнува коските и ги намалува воспаленијата во организмот. Кељот е богат со антиоксиданси кои спречуваат појава на очни болести или губење на видот.
5. Крес или поточарка
Изобилува со витаминот К, кој помага во регулирање на згрутчување на крвта и ги ублажува воспаленијата поврзани со хронични болести како артритисот. Секојдневното консумирање од ова растение во текот на 2 месеци ќе го намали ризикот од појава на рак и нездравите маснотии во крвта за 10 проценти, покажале истражувањата.