Фобија од друштво
Друштвената вознемиреност или фобија е психолошко пореметување кое доведува до екстремна количина на вознемиреност во секојдневни...
...ситуации.
Доведува до непријатни ситуации, разговори и сл. во зависност од личноста.
Друштвената фобија е резултат на стравот како ќе ве гледаат другите, што ќе речат за вас, дали можеби ќе се посрамотите.
Некои симптоми на оваа фобија се:
- силно потење;
- црвенило;
- забрзано чукање на срцето;
- трема;
- потреба да се врати дома.
Лечењето се темели на разговори со лекар-психијатар, но личноста може и сама да си помогне:
- со разбирање на состојбата и читање литература;
- редовно вежбање;
- квалитетен сон;
- врамнотежена исхрана;
- избегнување кофеин и алкохол;
- опуштање;
- избегнување негативни мисли, опкружување со позитивни луѓе.