Секој 4ти со ментални проблеми
Секоја 4та личност во светот пати од ментално невролошко пореметување во своето однесување. Како најголем проблем се истакнува тоа што во поголемиот...
...број на случаи овие пореметувања не можат да се излекуваат.
100тина милиони луѓе низ целиот свет боледуваат од ментално пореметување. Според последните податоци на светската здравствена организација повеќе од 154 милиони луѓе патат од депресија, повеќе од 25 милиони луѓе патат од шизофренија, а 91 милион имаат проблеми со алкохолот, додека 15 милиони жители на земјата имаат проблеми со дрога.
Светската здравствена организација исто така покажа еден загрижувачки податок дека секоја 4та личност во светот која била прегледана во некоја здравствена институција боледува од ментално пореметување, тоа се истакнува иако во голем дел од случаите не се прегледани од страна на лекар.
Светската здравствена организација истакнува дека луѓето кои патат од вакви типови на пореметување најчесто се подложни на изолација, лош квалитет на живот, а и кај споменатите особи зголемен е бројот на смртни случаи.