5 Правила за здравје кои смеете да ги прекршите

Од сите страни сме бомбардирани со правила и совети кои мора да ги почитуваме ако сакаме да останеме здрави, но овие 5 правила сигурно со задоволство ќе ги прекршите.

5-pravila-za-zdravje-koi-smeete-da-gi-prekrsite-1

До сега цврсто се се држевме за овие правила, но истражувањата покажаа дека и без нив сепак можеме да го одржиме здравјето и нивната вистинитост е ставена под знак прашалник.

Погледнете кои правила можете да ги прекршите уште денес:

Правило 1: „Ако јадете доцна навечер, ќе се здебелите.”

Дали ќе се здебелите или не, зависи од тоа колку калории внесувате, а колку трошите. Не е важна добата од денот во која јадете, туку се здебелуваме бидејќи во ноќта најчесто посегнуваме по нездрава храна.

Затоа, наместо да се грижите дали ќе се здебелите, внимавајте на тоа што точно јадете.

Правило 2: „За здраво срце, важно е да правите умерени вежби за тело 5 пати неделно.”

Најновите истражувања покажаа дека вежбите со поголем интензитет во времетраење од 1 час со мала пауза, имаат ист ефект како и умерените, кога станува збор за здравјето на срцето.

Тоа е одлична вест за сите оние кои се премногу зафатени со работата и не можат секој ден да пронајдат половина час за вежбање. Затоа ако немате време за трчање, доволно е еднаш неделно да трчате спринт и да направите неколку склекови.

Правило 3: „Потребни ви се од 7 до 8 часови сон.”

Да, тоа е точно. Потребни ви се од 7 до 8 часови сон секоја ноќ, но ако некогаш легнете подоцна и го прекршите ова правило, можете да го надополните.

Не мора да легнувате попладнето, туку следната ноќ легнете си малку порано и спијте исто како и обично.

Правило 4: „Контролирајте го внесувањето на јајца ако имате висок холестерол.”

Докторите советуваат дека можете слободно да го изедете целото јајце, бидејќи содржи многу протеини и витамини.

Правило 5: „Не читајте под слаба светилка.”

Стручњаците сега велат, дека видот нема да ви се намали ако читате во мрак, но сеедно ако читате на вашиот телефон или таблет, добро е да правите малку паузи за да ги одморите очите. 

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg