Чисти како “луд“
Пред да почне да му се влошува состојбата со видот, Вил Палмер (46) од Дорчестер во Англија, успешно ескивирал од чистењето низ домот. Тоа...
...секогаш го правела неговата поубава половина Сара Гетсби (45). Меѓутоа откако направил операција на рожницата, Вил се вратил како сосема друг човел. Станал опсесивен за чистење.
“На почетокот се шегувавме дека сум добил женска рожница. Но, јас навистина мислам дека е така. Штом видам прашина, се нервирам и морам да ја соберам и исчистам. Мојата сопруга знае каков бев претходно, бегав од чистење“ - изјави Вил Палмер.
Сега, финансискиот експерт и татко на 3 деца најчесто може да се види со крпа за прашина или правосмукалка во рацете. Иако името на покојниот донатор ќе остане анонимно, Вил е уверен дека се работи за жена.