11 начини да го ублажите чешањето од убодот на комарците

Комарците се непријател број 1 во летниот период. Ги привлекува и топлината и светлината, но си го одработуваат својот дел и во потполн мрак, па наутро кога ќе се разбудите и ве чеша целото тело, би сакале да може да им возвратите, но веќе ги нема.

11-nacini-da-go-ublazite-cesanjeto-od-ubodot-na-komarcite-01

Нивниот убод внесува и мала количина анестетик на раната, а кога ќе престане неговото дејство, почнува чешањето.

Откако ќе забележите дека ве каснал комарец, најпаметно е со вода да го измиете местото на убодот, а потоа може да примените некој од необичните, но корисни начини за  да го намалите чувството  на чешање и отокот.

Мраз

Мразот е добар од две причини – ги намалува отоците и способноста на нервите да праќаат сигнали на чешање во мозокот.

Топлина

Топлата вода ги отвора порите и овозможува брзо исфрлање на отровот кој предизвикува чешање. Топлината, како и мразот ја намалува способноста за мозокот да прими сигнали на чешање.

Сода бикарбона

Ако помешате сода бикарбона со малку вода и да ја намачкате како крема на местото на убодот, тоа ќе ја неутрализира киселоста и ќе го намали чешањето.

Паста за заби

Пастата за заби ја затегнува кожата на местото каде е намачкана и така помага во извлекувањето на отровот од раната додека се суши. Ментолот дава чувство на студенило кое го ублажува чешањето.

Дезодоранс

Силните дезодоранси во себе имаат алуминиум хлорид кој ја извлекува течноста и отровот од местото на убодот.

11-nacini-da-go-ublazite-cesanjeto-od-ubodot-na-komarcite-2.jpg

Влажна кесичка чај

Танинот во влажната кесичка од црн или зелен чај го ублажува чешањето и делува слично како пастата за заби.

Лук

Лукот е природен антибиотик и наводно ги убива бактериите кои го предизвикуваат чешањето од убодот на комарецот.

11-nacini-da-go-ublazite-cesanjeto-od-ubodot-na-komarcite-1.jpg

Оцет

Киселината во јаболковиот оцет е природен антибиотик и го ублажува чешањето.

Мед

Медот е еден од најдобрите природни антибиотици, кој исто така брзо ја ублажува болката и чешањето.

Свеж босилек

Ако го истриете местото на убодот со ливчиња од свеж босилек, природниот камфор ќе ви ја зголеми циркулацијата на крвта и така брзо ја уништува супстанцата која го спречува згрутчувањето.

Крвчиња

Совет од постарите: Ако со ноктот на местото на убодот притиснете и врежете крст, помалку ќе ве чеша.

11-nacini-da-go-ublazite-cesanjeto-od-ubodot-na-komarcite-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg