Што не треба да јадете пред плажа?
Тргнувате на плажа, но во последен момент ви текнува дека веќе со часови немате ништо јадено, па решавате да каснете на брзина.
Ова е вообичаената грешка која ви создава непријатност и подуеност на стомакот.
За почеток, добро би било да заборавите на млекото и млечните производи. Многу луѓе се нетолерантни на лактоза, а не се свесни за тоа.
Истата непријатност може да ја создадат газираните пијалаци кои ги сметате за освежување.
Солената храна и грицките исто така ви ја црпат водата од телото, односно создаваат дехидрираност и надуеност на организмот.
Слатките пијалаци, сокови и коктели го имаат истото дејство заради високите проценти на шеќери и засладувачи.
Гумите за џвакање оставете ги за доцна навечер, затоа што и тие содржат шеќери кои не му одговараат на вашето тело.
За крај, здравата храна е добра и препорачлива, но пред да го облечете костимот за капење избегнувајте ги зеленчуците како што се брокулата, карфиолот и салатата од зелка.