Што да направите ако се затруете со храна?
Високите температури и влажноста на воздухот се погодни за размножување на бактериите во храната, па затоа добро е да знаете како да си помогнете штом ги почувствувате првите симптоми.
Иако често пати по самиот мирис и изглед се препознава храната која може да ни предизвика проблеми, понекогаш се случува опасностите да се потешко видливи.
Високите температури се идеални за развивање на салмонела, стафилокока и клостридија, кои се задржуваат на намирниците кои се чувствителни на температура. Тука спаѓа месото, млечните производи и јајцата.
Најчести симптоми на труењето со храна се мачнините, повраќање, грчеви, понекогаш дури и грозница со температура.
Во поблагите облици на труење важно е да ги повратите течностите кои ги губите. Често консумирајте вода, солени супи и чај, посебно од шипка и камилица. Тие ќе го смират желудникот и ќе ги надоместат изгубените електролити и минерали.
Двопекот и оризот се добар избор за иритираниот желудник.
Во случај симптомите да се одолжат, задолжително земете активен медицински јаглед со природно потекло кој ги апсорбира токсините, а притоа ја неутрализира киселината во желудникот.