Останете здрави: Најефикасен начин да се разладите без клима

Можеби на повеќето летото им е омилено годишно време, но сигурно никој не ги сака овие екстремно високи температури и жешкото сонце кое ни ја пече кожата.

ostanete-zdravi-najefikasen-nacin-da-se-razladite-bez-klima-1

Спасот не можеме секогаш да го гледаме во далечинското од клима уредот, бидејќи колку што ни е нам пријатно во ладниот дом, толку му е полошо на нашиот организам.

Кога од просторија чија температура е 22 степени излегувате надвор на дневна температура од вртоглави 40 степени, тогаш му правите огромен шок на вашиот организам.

Помислете и на целата онаа прашина и нечистотија која ја вдишувате од клима уредите или на главоболката која ја добивате од прекумерното седење под климата.

Зошто да се изложувате на вештачко разладување кога постојат многу природни начини кои ќе ви помогнат полесно да се справувате со жештината?

Наместо тоа, запомнете ги овие неколку методи и чувствувајте се свежо и пријатно во сопствената кожа: 

Разладете ги зглобовите

Ставете ги рацете под млаз ладна вода десетина секунди (можете да ги разладите и целите раце до лактите, не само зглобовите). Во овој предел поминуваат вени кои се од голема важност за нашето тело и колку повеќе ги разладите рацете толку подобро за вас. Практикувајте го овој метод каде и да сте и ќе се чувствувате многу попријатно.

Заборавете на туширањето со ладна вода

Колку и да ви изгледа пријатно и убаво под ладниот туш, сепак тој ќе ве разлади само неколку минути. Откога ќе излезете од бањата вие одново ќе се препотите, а тоа се случува заради температурните разлики. Најдобро е да се туширате пред спиење со вода чија температура е за неколку степени поладна од телесната.

Носете памучна облека

Не купувајте синтетички материјали во текот на летото колку и да ви изгледаат потенки и полесни за носење. Купувајте памучна или ленена облека, бидејќи токму овие материјали, а особено памучната, ја апсорбираат потта и на тој начин ќе се чувствувате свежо. Облеката секогаш нека ви биде во светли тонови кои ги одбиваат сончевите зраци.

Избегнувајте алкохол

Можеби ладното пиво, коктелите со мраз и разните видови ладни кафиња ви звучат примамливо за гаснење на жедта и за освежување, но, сепак, избегнувајте ги. Пиејќи ги овие пијалаци ќе ви се случува токму спротивното и за кратко време ќе ви се создаде дехидрација. Лимонадата и соковите без шеќери се најдобар избор за летните денови.

Млеко за тело со алое вера

Може да го пронајдете насекаде и во секакви форми. Алое верата освен што ја негува вашата кожа туку и ја разладува. Пред да се изложите на сонце употребувајте ја оваа крема и ќе ја почувствувате разликата.

Заштита за главата

Секогаш носете шапка или шешир кога се изложувате надвор на сонцето. Тоа ви е најдобар начин да се заштитите од сончаница, но и од можни главоболки.

Разладете ги стапалата

Кога стапалата ви се ладни тогаш и целото тело ви е разладено. Ставете ги стапалата во ладна вода и останете така некое време, односно сѐ додека не се чувствувате разладени.

Мокра коса

Овој метод секако не можете да го користите на работното место, но можете да го користите додека сте дома или некаде на одмор. Намокрете ја косата и оставете ја сама да се исуши или уште подобро не сушете ја со фен, заради кој ќе си нанесете дополнителна топлина, туку исушете ја по природен пат.

Одморајте

Трчањето и другите спортски активности можат да почекаат додека не поминат жешките денови или барем до вечерта кога температурите опаѓаат. Колку повеќе се движите толку повеќе вашето тело се загрева

Оставете ги фармерките

Преминете на потенки материјали, а фармерките оставете ги дома бидејќи тие ви прават дополнителна топлина и потење. Облекувајте гардероба во која ќе се чувствувате свежи и слободни. Не се облекувајте премногу и оставете ја кожата да дише.

ostanete-zdravi-najefikasen-nacin-da-se-razladite-bez-klima-3

Разладете се со храна

Како последен метод со кој на природен начин можете да се разладите е храната. Внимавајте што консумирате и во која количина бидејќи и таа влијае врз телесната температура: 

  • Јадете храна која содржи големо количество вода ( краставици, лубеница,праски...)
  • Салатите се идеални за летниот период
  • Внесувајте доволно калциум во вашето тело.
  • Пијте многу вода. Без вода не можете да се разладите ниту пак да бидете здрави.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg