Тамифлу - штетен за децата
Децата не би требало да примаат од лекот против свинскиот грип - Тамифлу, бидејќи повеќе може да им наштети, отколку да ги излечи! Ова се...
... резултати добиени од последните спроведени истражувања.
Во извештајот се потенцира министерствата за здравство ширум светот да ги сменат правилата за препишување на Тамифлу кај заболените од свински грип.
Научниците анализирале како на децата помеѓу 1 и 12 години им влијае Тамифлу-то или лекот Реленза, а резултатите од истражувањето покажуваат дека овие лекарства предизвикуваат повраќање кое може да доведе до дехидрација и други компликации.
Заклучено е и дека Тамифлу има малку или речиси и да нема ефекти при лечењето на астма или инфекции на увото. Карл Хенеган кој е еден од истражувачите препрачува децата кои се заболени од свински грип да се лекуваат на ист начин како што е пракса да се лекува секој друг тип на грип.
Новото истражување е спроведено откако било пријавено дека децата кои примиле Тамифлу имале мачнина и ноќни мори, пишуваат медиумите.