Како да губите по половина килограм дневно?
Летото пристигна, а брзите диети и тренинзи станаа секојдневие. Но, ако ви се брза уште повеќе и сакате да изгубите неколку килограми за само неколку седмици, вреди да ја пробате течната диета.
Диетата е на база на вода и е наменета само за оние кои немаат никакви проблеми со здравјето, а посебно е забранета за оние со слаба крв.
Оваа диета може да се спроведува само преку неколку дена, а најпрепорачлива е само еднаш неделно. Тој ден кога ќе решите да ја одржите оваа течна диета избегнувајте тешки физички активности кои може да ви ја исцрпат целата сила.
Диетата на база на вода се спроведува на овој начин:
Појадок:
Голема чаша вода, чај или природно цеден сок. Овошјето и свежо цедените сокови се дозволени во сите количини.
До пладне:
Голема чаша вода, чај, природен сок или неколку овошја од различни видови. Во летниот период најпрепорачливи се дињите и лубениците во сите варијанти.
Ручек:
Голема чаша вода пред и по јадењето. Оброкот содржи свеж зеленчук со додаток на оцет, лимон или зачини. Препорачливи се намирниците како аспарагус, артичок, целер, зелена салата, морков, пиперки, краставици, домати, пченка во количина која вие ќе ја одредите.
Ужина:
Голема чаша вода или чај, заедно со чаша млеко или јогурт или пак 30g сирење со овошје.
Вечера:
Оброкот се состои од 100g пилешко или телешко месо или 150g риба со зеленчук и овошје. Пред и по оброкот напијте се 1 чаша вода.
Предупредување: Диетата не смеете да ја спроведувате во текот на цела седмица, затоа што се нарушува балансот во организмот.
Важно: Пијте барем 8 чаши вода дневно, а исхраната треба да е богата со зеленчуци и овошја кои содржат голем процент на вода.