6 причини заради кои мора да посетите гинеколог уште денес

Посетата на гинекологот на ниту една жена не и е добро, пријатно доживување. Тоа е нешто за што се охрабруваме по цел месец, но во никој случај тој месец не смее да се претвори во година.

6-pricini-zaradi-koi-mora-da-posetite-ginekolog-uste-denes-01

Секоја жена мора добро да го проучи своето тело и редовно да врши самостојни прегледи.

Интимните прегледи се препорачуваат најмалку еднаш во годината, но ако забележите било кој од овие 6 симптоми и неправилности на вашето тело, закажете термин уште денес.

Долго не сте биле - Женското тело е сложено и важно е да се грижите за сопствените потреби, така што на 10 до 12 месеци ќе си закажете редовен преглед.

Чувствувате печење - Најчесто, печењето е симптом за уринарна инфекција. Попатни симптоми се болките во стомакот, грбот и често мокрење. Уринарната инфекција лесно се лечи, па посетата на гинеколог само ќе ви ја олесни работата.

Инфекција - Најголем дел од жените знаат дека носат габични инфекции, а со тоа и ги пренесуваат, но не се доволно храбри за да одат на преглед. Сепак, симптомите се очигледни, а самите инфекции упорни и тешки за лечење, така што задолжително обратете се кај лекар.

Болен сексуален однос - Сексуалниот однос никогаш не би требало да е болен, но за жал многу жени се соочуваат со овој проблем. Ако и вие сте една од нив, задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог.

Нередовен циклус - За да ги избегнете непријатните ситуации и дополнителниот стрес кога циклусот ќе ви задоцни, закажете си преглед. Игнорирањето на овој проблем може и да е последица на хормонални пореметувања кои се пострашни од можната бременост.

Забележавте згрутчување на градите - Доколку забележите или допрете испакнатина на градите која до вчера сте ја немале, не го чекајте терминот и веднаш упатете се кон гинеколог. Тоа може да ви го спаси животот, буквално.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg