Утро без кафе
Лекарите советуваат да не се започнува денот со кафе, туку со појадок. Научниците, пак укажуваат на фактот дека дозата од 3-4 еспреса на ден е опасна...
... за вашето срце.
Кафето не треба да се конзумира повеќе од 3 пати дневно, бидејќи ставовите на лекарите секогаш биле усогласени дека големите количини на кафе дневно се штетни.
Сепак, кафето во нормални количини е добро за нас бидејќи ги намалува ризикот од дијабетис. Секое утро повеќе од 100 милиони Американци го започнуваат својот ден со шоља кафе, а многу од нив признаваат дека се зависници.
Исто така, секојдневното користење на кафе е поврзано и со намалувањето на ризикот од Паркинсова болест, рак на џигер, камен во жолчка и сл., но тоа не значи дека треба да се предозирате со кофеин.
И кафето без кофеин е подеднакво ефикасно како и обичното кафе, бидејќи и двете врсти се полни со исти хранливи состојќи.
Тестирањето врз глувци покажало дека конзумирањето на кафе има способност да го разградува шеќерот во вашиот џигер, што е во голема мера и дејство кое го прават лековите против дијабетис.