Кафе против алцхајмер

Произведувачите на кафе сигурно сега ќе бидат задоволни од вестите кои ги донесува едно истржаување од Флорида во САД кое открива дека...

... конзумирањето на 5 шољи на кафе дневно може да помогне при избегнување на проблеми со памтењето, исто така внесувањето на кофеин може да помогне и при создавањето на протеини во вашиот организам.

Исто така, истражувањето покажало дека конзумирањето на кафе може да има позитивни дејствија со борбата со некои болести во медицински состојби како што е и мозочниот удар.

За ова истражување била користена група од 55 глувци кај кои им била предизвикана Алцхајмеkafe-protiv-alchajmer1рова болест. Истражувачите најпрво направиле серија на тестови преку кој би виделе дали глувците ќе покажат знаци во проблемите со памтењето.

Тестовите биле извршени на глувци стари од 18 до 19 месеци што е еквивалент на луѓе од 70 години. Половина од глувците добиле вода во која бил вбризган кофеин а половина без него.

После 2 месеци глувците кои добиле кофеин покажале 50% помалку бета-амилоид, протеин во мозокот кој е одговорен за уништувањето на на мозочните клетки кај Алцхајмеровата болест.

Понатамошните тестови покажале како кофеинот влијае на производството на ензими кои се потребни за производство на бета-амилоид.

Претходни тестови исто така покажале како помладите глувци кои биле тестирани биле поштедени од оштетувањето на нивниот мозок.

Овие сите податоци не значат дека луѓето треба да почнат да внесуваат големи количини на кофеин, ова истражување би можело да биде корисно во борбата против Алцхајмеровата болест.

Би можело да ве интересира:

Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)? Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста...
Кои се симптомите на гестациски дијабетес и што ако не се третира? Гестацискиот дијабетес се појавува во бременоста, а најчесто по породувањето, ше...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg