Имате страв од летање ?

fear-of-flying-povekjeСтудиите покажале дека милиони луѓе се плашат од летањето со авион, и покрај многу малиот број на несреќни случаи во однос кај другите видови на транспорт.

 

Сепак во последно време се почесто се соочуваме со авионски несреќи. Еве неколку идеи како да го надвладеете стравот и да го направите возењето со авион што поудобно.

Потребни работи:

- "Жолт печат", Слушалки, Производи за отстранување на стресот, CD player, Релаксирачки снимки.

Најпрво потребно е да прифатите дека многу малку е веројатно дека стравот од летање ќе исчезне сам по себе.fear-of-flying

На тој начин полесно ќе прифатите помош за да ја надминете таа фобија.

Ако стравот е навистина голем, а летањето со авион неопходен начин за превоз, една од идеите е да побарате професионална помош.

Во ''Жолтиот печат'' лесно е да пронајдете многу добри терапевти, психолози со кои можете да разговарате и кои ќе ви помогнат.

Читајте книги кои говорат за вашиот проблем.
Голем е бројот на автори посветени на стравот од летање кои во своите дела прикажуваат посебни вежби за дишење, методи за опуштање и други корисни техники.

Набавете снимки со програми кои водат до совладување на овој вид на страв.

На тој начин можете да слушате упатства за тоа пто да правите за да се чувствувате поубаво при самата помисла на лет, но и за време на летот.

Верувајте во својот успех.
Дури и најголемите стравови можат да се победат ако верувате дека тоа го можете и да следите третман за тоа.

Ако претходното не ви ги донесе посакуваните резултати, тогаш прашајте го својот доктор да ви препише лекови за смирување за време на летот со авион.

Сепак, имајте на ум дека повеќето доктори тврдат дека овој страв може да се надмине без никакви лекарства.

И на крајот, предупредување: не пијте алкохол за да се смирите, затоа што со тоа можете да предизвикате спиење и дехидрирање. Ова е посебно важно во случај доколку земате лекови за смирување.

Би можело да ве интересира:

Што предизвикува пелтечење кај возрасните и може ли да се надмине? Пелтечењето кај децата кои уште учат да зборуваат не е невообичаена појава, но к...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Медицинска, шиатцу - Разлики помеѓу разните видови масажи (и која е најдобра за вас) Масажите го релаксираат нашето тело и позитивно влијаат врз нашето здравје. Но, ...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg