Победете го срамот!

pobedete-go-sramot-povekjeАко сте срамежливи имате проблем во одредени ситуации и со одредени луѓе да бидете опуштени, сепак постои начин како да се справите со срамот. Ќе ви биде...

 

...потребно доста време, труд и искуство, но успехот на крајот ќе се исплати. Ова се неколку кратки совети како да се справите со срамот.pobedete-go-sramot

1. Секое утро кога ќе се разбудите пред огледало повторете неколку пати “Се чувствувам и изгледам одлично“. Повторете ги овие зборови неколку пати, додека не се убедите самите себе во нивната вистинитост. Потоа облечете се и изгледајте онака како што си се допаѓате себе си. Луѓето полесно комуницираат ако се чувствуваат добро во сопствената кожа.

2. Барем еднаш дневно направете некоја ризична постапка. Соочете се со стравот и ќе си ја зајакнете самодовербата. Морате да знаете да се справувате со помали стравови за да бидете подготвени за поголеми предизвици. Не постои ништо што не можете да направите.

3. Ако сте дел од групни разговори убаво би било да споделите со останатите дека сте срамежливи. Така тие ќе ве охрабрат да го изнесете своето мислење и да сте дел од конверзацијата. Ако премолчите може да помислат дека ви е досадно и не сакате да придонесете во разговорот.

4. Одбивањето и неуспесите се дел од животот и колку порано го сфатите тоа полесно ќе одите напред. Немојде да мислите дека само вас ви се случува тоа или дека мора да успеете во се што сте се обиделе. Ниедно одбивање не го сфаќајте лично - прифатете го и продолжете понатаму.

5. Вклучете се во активности кои ве прават среќни. Тоа може да биде од пливање до готвење. Истражување нови работи е одличен лек за срамежливост.

Би можело да ве интересира:

Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи? Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа про...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg