Малку лошо е добро

malku-loso-e-dobro-povekjeЗа одредени нешта, како алкохол, стрес и сончање, постојано слушаме колку негативни влијанија имаат врз нас. Без паника, умереноста е лек за се`.

 

Докажано е дека по малку од негативните нешта дури и ќе дадат позитивен резултат. Еве како.

 

Стресот не е страшен

Се` додека стресот не го обземе вашиот живот не е страшно. Малку стрес може да ве мотивира и поттикне на акција и да ви го прочисти умот.

Добриот стрес е оној што се случува кога чувствувате краток потрес на адреналин што ви овозможува подобро да ги прифатите и завршите задачите.

Малку стрес, односно поттикнувачка трема, на пример ги стимулира актерите да ја дадат најдобарат изведба.

stress

Црно чоколадо

Темното чоколадо, особено она што содржи повеќе какао, поттикнува лачење на природните антидепресиви ендорфин и серотонин.

Само неколку коцки темно чоколадо ќе ви помогнат да ги совладате неиздржливите желби за слатко, а и ќе ви го стабилизира мозокот токму тогаш кога ќе почне да бара шеќер.

cokolado

Излезете на сонце

Толку многу се зборува за лошите ефекти од сончевите зраци што сега треба да ве потсетиме дека сонцето е неопходно за генерирање на витаминот Д што помага да се апсорбира калциумот за да се борите против остеопороза и други коскени оштетувања.

Сепак не заборавајте да ставите крем со заштитен фактор.

sonce

Ајде на кафе

Како диуретик кафето го намалува ризикот од појава на камен во бубрег и жолчка.

Кафето содржи и антиоксиданси, го намалува ризикот од дијабетис и има антидепресивни својства.

Го покачува нивото на серотонин и допамин, па со нивна помош го подобрува расположението. Но, не треба да пиете повеќе од три шолји дневно.

kafe

Наздравете со вино

Виното содржи моќни антиоксиданси, па умеренот пиење е навистина добро за целокупното здравје.

Предност, секако, имаат црвените вина.

vino

Џвакајте мастика

Истражување во кое учествуваа многу американски забари покажа дека џвакањето мастика ја спречува појавата на кариес.

Џвакањето поттикнува лачење плунка која ги штити забите, а и состојка што се користи како замена за шеќер во мастиките го менува хемискиот состав и ги намалува лошите бактерии во устата.

mastika

Пријателите блиску, непријателите исто

Не мора да ги игнорирате сите оние кои не ги обожавате. Нема да ви штети ако една блиска личност ја доживувате како нешто меѓу пријател и противник.

Здравата конкуренција ќе ве поттикне да станете уште подобри и никогаш нема да се запуштите.

prijateli

Развикајте сеееееееее!

Многу е пострашно да ги потиснувате емоциите. Слободно развикајте се, а тоа важи и за родителите на мали деца.

Кога нешто ќе ве разбесни, луѓето (и децата) околу вас треба да го знаат тоа за да научат што е добро.

Ова сепак чувајте го за ретки прилики, инаку само ќе бидете неподносливи, а и никој вашата лутина нема да ја сфати сериозно.

razvikajte-se

 

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg