Доктор Оз советува: Чај од банана за подобар сон
Прочуениот доктор Оз советува дека чајот од банана е идеален пијалак пред спиење, односно за добар сон. Брз е и лесно се подготвува, има извонреден вкус и е навистина делотворен. Нема да погрешите ако го испробате!
Како да го подготвите?
Сварете половина литар вода. На една неизлупена банана сецнете и ги крајчињата и пуштете ја во водата цела, без да ја сечете. Оставете ја да отстои 10 минути во зовриена вода. Потоа извадете ја бананата, прецедете го чајот и оставете го да се олади.
По желба, може да додадете цимет или мед, заборавете на шеќерот.
Како бананата помага за подобар сон?
Ако постои некој строго природен намирник кој може да биде алтернатива за таблетите за спиење, тогаш тоа е бананата.
Магнезиумот во нејзиниот состав го смирува телото и ги опушта мускулите.
Затоа, кога ќе имате напорен ден испробајте го овој брз совет. Нема да зажалите!