Нов лек против рак
Лондонскиот весник Independent на својата насловна страница објави за шокантното откритие во борбата против ракот, откако два пациента со најтежок...
...облик на рак успеале да се излекуваат. Тие имале рак на простатата, и само после земањето на една доза од експерименталниот лек тие во потполност оздравиле.
Резултатите на новиот лек биле толку многу успешни со што научниците решиле да ги објават дури и пред завршувањето на сите фази од тестирањето на овој лек, со објаснување дека напредокот кај пациентите бил далеку од очекувањата на експертите.
Двајца пациенти на кои им било кажано дека им преостануваат само уште неколку месеци од живот поради рак на простатата, со земањето на една доза од овој лек ракот во потполност се повлекол и тие потполно се опоравиле.
Испитувањата на десјтвата на експерименталниот лек за рак на простатата биле објавени на клиниката Мејо во Америка, пишува Британскиот весник.