Заборавеноста е корисна
Сите оние кои се сметаат за заборавени, треба да бидат среќни што не паметат се и сешто, бидејќи тоа значи дека нивниот мозок работи правилно. Според...
... неодамна спроведеното истражување, мозокот "одлучува" да ги помни само оние сеќавања кои ги смета за релевантни, а го намалува помнењето на оние кои ги смета за помалку важни. На тој начин, се зголемува когнитивната способност и се спречува збунетост.
Научниците користеа фукционална магнетна резонанца за да ја измерат активноста на мозокот на 20 здрави и возрасни лица додека работеле на еден едноставен тест за меморија.
Врз основа на ова истражување заклучено е како човековиот мозок секој пат од почеток ги прилагодува и вреднува информациите кои се важни. Заради тоа, процесот на заборавање служи за фукционални цели.
Пример со паметење на лозинка. Кога ќе ја промените лозинката, мозокот некое време повеќе ќе ја памети старата лозинка, дури на почеток може и да ги мешате.
Меѓутоа по одреден период и бројот на повторување на новата лозинка ќе ве натера комплетно да ја заборавите старата.