Пијте чоколадно млеко!
Чоколадно млеко со мал дел на масти во него помага во опоравување на мускулите по интензивен тренинг еднакво добро како и посебните спортски пијалоци...
... со јаглехидрати.
Истражувањето е направено на 13 студенти кои играат фудбал и по секој тренинг им е давано чоколадно млеко или напиток со висок процент на јаглени хидрати.
По пауза од 2 седмици, во вториот круг на тренинзи било споредувано влијанието кое го имаат двата пијалоци врз опоравувањето на спортистите.
Истражувачите откриле дека оние кои пиеле чоколадно млеко имале многу помалку креатин киназа, кој е индикатор на оштетување на мускулите.
Не биле воочени разлики на тестот за способностите врзани за играта, силата на мускулите, менталната и физичка способност.
Било заклучено дека чоколадното млеко сепак има подобро влијание од енергетските пијалоци.
Неговата предност е во составот - протеини со голема вредности и јаглехидрати плус дополнителните хранливи состојки кои ги нема во спортските пијалоци кои ги пијат спортистите.