Жените се болни без трач
Едно ново истражување кое го направиле научниците на Универзитетот во Мичиген оди во корист на општите потреби на жените за трачарење. Жените се посреќни...
... и здрави со дозата на трачарење која ја споделуваат со своите пријателки.
Причината за оваа појава е подигнувањето на нивото на прогестерон, хормонот кој го намалува чувството на стрес.
Научниците кои се занимавале со оваа проблематика изјавиле дека прогестеронот има важна улога во создавањето на врска и пријателство.
Истражувањето било спроведено врз 160 студентки кои дале примерок на крв, а после тоа биле поделени во парови со што одговарале на зададени прашања.
После 20 минути повторно бил земен примерок на крв преку кој се покажало дека кај оние девојки кој разговарале нивото на прогестерон било покачено или пак останал на исто ниво, а кај другата половина кои не оговарале - тој паднал.
Општиот заклучок бил дека добриот женски трач е добар за здравјето на жените.
Сега барем постојат научни докази дека жените премногу трачарат, но барем добрата вест од сето ова е дека тоа им годи и ги прави здрави.