Намирници кои го победуваат стресот
Ви се чини дека губите контрола и дека ништо не ви оди од рака? Длабоко воздивнете и во исхраната внесете ги намирниците кои ќе ви бидат значајни сојузници во борбата против секојдневниот стрес.
Портокали
Ц витаминот ќе ви помогне да ги преживеете и најстрените работни презентации или разговор за работа затоа што ќе ви го намали притисокот и ќе допринесе за побрзо враќање на нивото на хормонот на стрес, кортизолот, во нормала. Почнете да цедите портокал!
Спанаќ
Овој зеленчук содржи магнезиум кој е одлична состојка ако сакате да ја сочувате смиреноста. Тој помага во намалувањето на хормонот на стрес, го релаксира телото и ја спречува главоболката која се јавува кога доаѓаат тешки денови.
Лук
Моќен антибиотик кој во исто време го намалува крвниот притисок и го поправа расположението. Едно чешне дневно ќе го држи стресот подалеку од вас.
Бадеми
Покрај тоа што се преполни со витамин Е, кој е одличен за поттикнување на имуниот систем, бадемите исто така содржат и витамин Б кој може да му помогне на вашето тело да го надмине стресот и да го забави отчукувањето на вашето срце во монети кога сте соочени со тензија.
Моркови
Кога сме под стрес, понекогаш умееме да ја стегаме вилицата, па затоа е добра идејата да се изеде сиров морков, а грицкањето ќе помогне да се ослободиме од непријатната мускулна тензија.
Банани
Стресот доведува до забрзување на метаболизмот, а тоа доведува до трошење на калиум кој е клучен извор за енергија на организмот. Имајте секогаш банани на дофат, тие се богати со калиум и ќе послужат како прва помош во стресна ситуација.