Масирајте се сами
Одењето на масажа е добро и за телото и за душата, но ако немате пари за луксузни спа - центри и слични места за релаксација, можете да се масирате...
... сами и тоа секојднево. Секој пат по туширање, масирајте се со кружни движења со млекото за тело или лосион по целото тело.
Посебно внимание обрнете на вратот и рамената, бидејќи тоа се местата кои трпат најголем притисок во текот на денот.
Стомакот масирајте о со раширени дланки, во правец на движење на стрелките на часовникот. Стапалата можете да ги масирате и кога ќе легнете во кревет, додека гледате филм или читате некоја добра книга.
Кога ќе се измиете, нанесете крема на лице и обавезно масирајте благо. Движењета треба да бидат исто така кружни, нежни - никако немојте да ја затегате кожата или да ја штипате.
Вратот масирајте од рамената накај брадата, значи нагоре. И целото тело се масира така да движењата да бидат насочени накај срцето.
Всушност, тука нема многу филозофија - масирајте ги оние делови од телото кои ве болат, каде чуствувате напнатост, онака како вам ви прилега.
Едноставно е, не одзема многу малку време, а вие ќе се чуствувате опуштени и релаксирани.