Ги имате ли овие отровни производи во својот дом?
Секој сака кога ќе помине евтино кога пазарува. Но, внимавајте крајната цена да не биде превисока. Зборуваме, се разбира за здравјето. Имено многу евтини производи се токсични и опасни за здравјето.
Еве список:
Пуканки за во микробранова печка
Иако се вкусни, овие пуканки обилуваат со штетни супстанци. Пуканките сами по себе не се штетни, но оние за во микробранова, навистина треба да ги избегнувате.
Антибактериски сапуни
Триклосан, пестицид кој е составен дел на антибактериските сапуни, се поврзува со оштетувањата на штитната жлезда и хормоните, како и со разни инфекции.
Хемиски отрови
Хемиските отрови се разни спреови против инсекти, средства за чистење на релни. Сето тоа е штетно и отровно и подобро одберете природни производи кои исто така успешно ќе ја завршат работата.
Облека која не се гужва
Таквата облека е отровна. Содржи формалдехид кој неповолно делува на здравјето и предизвикува разни заболувања, дури и сериозни како карциномот.
Освежувачи на воздухот
Содржат низа хемикалии кои всушност го загадуваат воздухот. Тие хемикалии го поттикнуваат карциномот, асмата, алергиите и хормоналните пореметувања.
Садови за кои не се лепи храната
Садовите со дно за кое не се лепи храната денес се апсолутен хит. Тие се сериозна закана за вашето здравје. Зошто? Содржат хемикалии кои се високо канцерогени и ако таквите садови се користат подолго време би можеле сериозно да се разболите.
Би можело да ве интересира:





