Здрави залаци кои дебелеат

Се трудите да ослабете и од исхраната сте ги исфрлиле повеќето намирници за кои е познато дека се богати со масти и шеќери. Меѓутоа и многу здрави залаци на пример, сушено овошје, јогурт, па дури и салатата содржат скриени калории кои забораваме да ги преброиме.

zdravi-zalaci-koi-debeleat-1

Вода со вкус: Немојте да заборавите дека ваквите води содржат и шеќер, а со самото тоа и калории (во едно шише таква вода има околу 270 калории)

Енергетски бисквити: Тие се одлична замена за меѓу оброк, бавно ја отпуштаат енергијата, како и витамините и минералите, шеќерите и маснотиите кои што и даваат вкус, но да не заборавиме дека еден просечен енергетски бисквит има 200 – 350 калории.

zdravi-zalaci-koi-debeleat-2

Кафе со млеко: Одлично е наутро да се напиеме кафе, но млекото и шеќерот некалоричното кафе ќе го претворат во напиток кој има калории слично како и мала ужина.

zdravi-zalaci-koi-debeleat-3

Салати: Иако се прават од зеленчук, не значи дека автоматски се ниско калорични. Преливот од масло или крем преливот, печените парченца леб, шунката како и парчињата месо, кои ги ставаме во салатата.

zdravi-zalaci-koi-debeleat-4

Оревести плодови: Тие се извонреден извор на витамин Е, заслужен за нашиот убав изглед, како и железо, магнезиум и белковини. Освен тоа бавно ја отпуштаат енергијата и имаат висока количина на маснотии (100г кикирики има околу 600 калории, оревите околу 620 калории, лешниците 670 калории, а бадемите околу 580 калории).

zdravi-zalaci-koi-debeleat-5

Супи од кесичка: Храната во течен облик не е секогаш диетална. Тоа најмногу се однесува на супата од кесичка, особено крем супите кои што содржат многу маснотии.

zdravi-zalaci-koi-debeleat-6

Овошни сокови: Тие се одлична витаминска бомба, но не се пијат безгрижно како водата. Особено не оние кои се купуваат и кои што содржат конзерванси, многу шеќер, а со самото тоа и имаат многу калории. Истото се однесува и на фрапето, особено она кое се прави од јогурт и банана.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg