Ова се најдобрите и најлошите намирници за варење
За да бидеме здрави потребно е здраво да ја вариме храната. Ви преставуваме список на најдобрите и најлошите намирници за варење.
Најдобри намирници
Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се одлични з аварењето бидејќи обилуваат со растителни влакна и минерали. Растителните влакна се важни бидејќи ја регулираат работата на цревата.
Цели житарици
Интегралните намирници, вклучувајќи го и интегралниот ориз и пченица, спаѓаат во благотворни намирници.
Банани
Иако сите овошја и зеленчуци се добри за варењето, бананите треба особено да се истакнат бидејќи не го иритираат желудникот. Затоа се препорачуваат ако имате проблеми со желудникот.
Вода
Иако во тој контекст ретко се спомнува, водата сепак е одличен помагач во варењето. Со нејзина помош храната полесно се движи низ цревата.
Ѓумбир
Зачините и билките како што е ѓумбирот одлично го смируваат вознамирениот желудник.
Пробиотици
Пробиотиците се добри бидејќи содржат „добри“ бактерии кои се неопходни за нормално функционирање и работа на цревата.
Целулоза и пектин
Целулозата или пектинот се намирници од растително потекло, а во дигестивниот систем тие се храна за „добрите“ бактерии и благотворно делуваат на здравјето на цревата.
Најлоши намирници
Зачинета храна
На нашето варење лошо делува многу зачинетата храна која поттикнува создавање на киселина која делува лошо на варењето.
Кофеин
Исто како и зачинетата храна и кофеинот предизвикува зголемено лачење на киселини, Го нарушува и нормалниот проток на храна низ цревата.
Газирани пијалоци
Поради своите состојки, газиранит епијалоци лошо делуваат на системот за варење.
Мрсна храна
Мрсната храна може да предизвика киселина и пролив, а ако со години јадете такви намирници, за жал , би можеле д асе јават многу потешки заболувања.
Алкохол
Алкохолот предизвикува низа потешкотии, а неговите опасни состојки оставаат долготрајни последици. Според мислењето на стручњаците, алкохолот е најголемиот непријател на здравото варење.
Млечни производи
Предизвикуваат надуеност, а неретко и запек. Ако забележите вакви симптоми, намалете го нивниот внес.