Чувајте се од јавните тоалети
Истражувањето кое го спровел производителот на сапуните Lifebuoy покажало дека најмногу штетни микроби можат да се најдат во јавните тоалети. Втори...
...на листата се парите, а трети кваките.
Можеби и очекувано, највеќе бактерии, вируси, габи - со едно име микроби има во јавните тоалети. Во најзаразни места спаѓа и јавниот превоз, пишува женскиот магазин Clove Two.
Причината за тоа е дека одржувањето на јавните простори неможе да се контролира или никогаш не се чистат и стерилизираат, а се изложени на нечистотии од сите видови.
Со оглед на тоа дека одржувањето на јавните простори не е возможно да биде контролирано, стручњаците советуваат што почеста употреба на антибактериски сапуни при миење на рацете и туширање.
Колку поредовно ги одржувате куќата и станот чисти, бидејќи ни таму не можеме во потполност да се решиме од микробите, па не треба да се заборават ниту советите од основно училиште- миење на рацете по одење во тоалет, пред и после јадење и по доаѓање дома, како и редовно туширање.